Правдико

   

Филипини ја прекина војната против дрогата, ќе спроведе чистка во полиција

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Филипинската полиција ја прекинува својата контроверзна војна против дрогата се додека не се „прочисти од корумпирани“ полициски сили, пренесува BBC.

Началникот на полицијата Роналд дела Роса, во понеделникот, изјави дека единицата за борба против дрога ќе биде расформирана.

Ова доаѓа по убиството на јужнокорејски бизнисмен во полициска станица. Тој беше киднапиран и убиен од членови на единицата за борба против дрога.

Повеќе од 7.000 луѓе се убиени од почетокот на големите полициски акции против нарко дилерите.

Црниот биланс и тврдокорниот став на претседателот Родриго Дутерте против дрогата предизвикаа остри критики од групите за човекови права и западните земји, иако претседателот продолжува да ужива висок степен на поддршка меѓу Филипинците.

Во денешното обраќање, началникот на полицијата истакнал дека „претседателот Дутерте ни кажа најпрво да ја прочистиме организацијата, нашите редови, и потоа можеби ќе продолжиме со нашата борба против дрогите.“

Борбата против нарко мафијата и дилерите и справувањето со уживателите на дрога во Филипини е централен дел на владеењето на Дутерте.

Тој првично вети дека ќе го искорени проблемот до декември 2016 година, а потоа го продолжи крајниот рок до март оваа година.

Меѓутоа, Дутерте на конференција за печат во неделата на новинарите им рече: „Рокот ќе го продоложам до последниот ден на мојот мандат. Март повеќе не важи. Се потценува длабочината на проблемот со дрогата.“

Мандатот на претседателот истекува во 2022 година.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико