Филипинската полиција уапси 500 лица за наводна онлајн измама | Правдико

Правдико

   

Филипинската полиција уапси 500 лица за наводна онлајн измама

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Филипинската полиција соопшти дека уапсила речиси 500 лица, меѓу кои и осум израелски државјани, за кои велат дека се вклучени во онлајн финансиска измама која опфаќала луѓе во странство, вклучително и во Австралија и Јужна Африка.

Во една од најголемите битки против анти-сајбер криминалот во Филипините, шефот на полицијата, Оскар Албајалде, во средата објави дека 474 Филипински работници како и неколутемина Израелци биле притворени по упадот во три згради во Кларк Фрипорт, поранешна база на американски воздухопловни сили северно од Манила, каде што е извршена наводна онлајн измама.

Главниот началник на полицијата, Марни Маркос, вели дека осомничените ги намамуваат жртвите да инвестираат во странски акции во лондонска компанија, а потоа ги земаат нивните пари преку онлајн апликација откако ќе се здобијат со нивните банкарски сметки, како и со деталите за кредитните картички.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико