Филота Христески (1912 - 1986) | Правдико

Правдико

   

Адвокат Филота Христески (1912 – 1986)

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Filota HristeskiФилота Христески припаѓа на правата генерација адвокати на Македонија по нејзиното ослободување, кој во својата професионална кариера се истакнал како реномиран и познат адвокат.

Роден е во 1912г. во Битола. Основно училиште и Гимназија завршил во родниот град.  Како гимназијалец бил активист во Црвениот крст на СХС – Битола. Диломирал на Правниот факултет во Белград во 1937г. По дипломирањето се вработил како судски приправник во Окружниот суд во Битола.  Во 1939г., со решение на Министерството за правда бил поставен на еден месец за судски приправник во Срескиот суд во Струга, па вратен во Битола, а од 1942г. до 1943г. за судски приправник во Окружниот суд во Неготин Краина, Србија.

Во 1943г. се вратил во Белград и се ангажирал како адвокатски приправник во канцеларијата на адвокатот Михајло Михаиловиќ, каде останал до 1945г. Во 1945г. се вратил во Битола, каде отворил своја адвокатска канцеларија. Во 1947г. бил назначен за ликвидатoр на канцеларијата на адв.Филота Фила од Битола.  Околу 1965г. работел во здружена канцеларија заедно со адвокатите Филип Николоски, Славко Петковски и Гавро Пановски. Зборувал француски, грчки и влашки јазик.

Како адвокат во Битола, бил прв претседател на Општинската адвокатска организација, која иако немала формален карактер функционирала како собир на адвокатите. Добитник е на повеќе признанија за вршење на адвокатска дејност меѓу кои и Плакета за особени заслуги и постигнати резултати во развојот и напредокот на македонската адвокатура во 1979година

Во 1980г., заминува во пензија, а  починал во Битола во 1986г.

Извор: „Адвокатурата и адвокатите во Битола“, Сотир Главинче, Никола Главинче, Битола, 2011г.

Правдико ги повикува и останатите заинтересирани истражувачи кои имаат податоци за значајни адвокати од нашето минато да испратат нивни биографии, фотографии и податоци, како би можеле да се објават во оваа рубрика, со што ќе помогнат во откривањето на адвокатите и адвокатската професија, во која во минатото се ангажирале храбри и стручни профили – борци за правда и право.

 

Партнери на Правдико