Правдико

   

Финансиска полиција го стега обрачот околу нови даночни затајувачи, криеле данок и по 20 години

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Даночни затајувачи, меѓу кои и такви кои криеле данок и по 20 години преку фиктивни фирми се под интензивна анализа на инспекторите од Управата за финансиска полиција, која подготвува кривични пријави за овие дела, дознава „Макфакс“.  Според наши извори, опфатени се повеќе затајувачи кои државата на овој начин ја оштетиле со многу сериозни суми. Како што дознаваме, обрачот околу сторителите се стеснува, а нивниот многугодишен криминал не можел да биде реализиран без помош на институциите.

Како што недамна објави „Макфакс“ ,Управата за финансиска полиција за периодот од август минатата година до почетокот на ноември годинава има поднесено вкупно 57 кривични пријави против 128 лица за сторени 77 кривични дела, а  според увидот во податоците најмногу сторени кривични дела по кривичниот законик за финансиски криминал има токму за „даночно затајување“, и тоа 23, а исто толку за  „фалсификување или уништување на деловни книги“.

Со оглед на тоа што во изминатиов период анализите на дел од економистите посочуваат дека воведувањето на прогресивниот данок ќе ја зголеми даночната евазија, Управата за финансиска полиција мора да го зголеми надзорот на и така големиот број финасиски криминал што е детектиран кај овој вид кривично дело.

Колку за споредба, за „злоупотреба на службената положба и овластување“ во изминатава година се поднесени 5 кривични пријави, 2 се однесуваат на „фалсификување исправа“, исто толку за „измама“ и за ,,употреба на исправа со невистинита содржина“.

По една кривична пријава има за „злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување договор за јавна набавка или јавно-приватно партнерство“, „бесправно градење“, „поднесување лажни докази“, „помагање на сторител по извршено кривично дело“, „затајување“, „измама на штета на Европската заедница“ и едно по „закон за ДДВ“.

Од овие предмети до Основното јавно обвинителство за истиот период завршиле 32 кривични пријави и за сите се оформен предмет. Од овие, за 3 предмети се води истражна постапка, а за 25 се води предистражна постапка.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико