Финансиска помош за лицата со инвалидност за набавка на автомобил | Правдико

Правдико

   

Финансиска помош за лицата со инвалидност за набавка на автомобил

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Од денеска до 30 септември лицата со инвалидност во центрите за социјални работи ќе може да аплицираат за новиот владин проект, преку  кој ќе добијат поддршка за набавка на автомобил.

Screenshot2

На лицата со најмалку 80 отсто инвалидност на долните екстремитети, целосно слепите лица и глувите лица и лицата со умерена, тешка и длабока интелектуална попреченост, ќе им бидат рефундираат средства до 180.000 денари платени за царински давачки, данок на додадена вредност и за акциза за набавка на патнички автомобил.

Министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, истакна дека овој проект ќе овозможи полесна мобилност на лицата со инвалидност и вклученост во заедницата.

– Почнувајќи од денеска, секое лице што припаѓа на некои од наведените категории или, пак, е родител или старател на такво лице, може да поднесе барање до надлежниот центар за социјална работа кое ќе биде разгледано од комисијата за рефундирање средства за набавка на патнички автомобил – рече Спасов.

Спасов посочи дека ќе бидат рефундирани средства за 50 автомобили, а приоритет ќе имаат лицата со инвалидност кои имаат пониски приходи, оние кои активно бараат работа или, пак, во семејството имаат повеќе лица со инвалидност.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико