Финска спремна за мобилизација на 900.000 резервисти | Правдико

Правдико

   

Финска спремна за мобилизација на 900.000 резервисти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Финска има 1340 км долга граница со Русија, за која Финците се почесто се жалат за упадите на руските авиони во финскиот воздушен простор, шпионажата и граничните воени вежби. Финска е, инаку, една од ретките земји во Европа каде е задолжително служењето на војска за мажи.

Screenshot_2

Финската армија денес започна до сега најголема кампања со испраќање писма до 900.000 резервисти,  во атмосфера на зголемена тензија помеѓу земјата и Русија поради кризата во Украина.

Се потенцира дека овој чекор нема никаква врска со Русија, но тоа е насочено само кон “подобрување на комуникацијата” со резервистите во ситуација кога е намален воениот буџет и голем број на резервисти имаат нови обврски и други локации за пријавување, пренесува Ројтерс.

Минатиот месец,  неутралнаите Финска и Шведска, заедно со Норвешка, Данска и Исланд, кои се членки на НАТО, во невообичаено силна заедничка изјава  директно се наведува рускиот “предизвик”, како основа за подобрување на меѓусебната воена соработка.

Почнувајќи од оваа година, финскиот воен состав е намален на 230.000 луѓе за разлика од претходните 350.000.

Минатата недела, со еден финскиот брод беше истрелан проектил како предупредување на “сомнителна подморница” во близина на Хелсинки, за кои постојат шпекулации дека е руска. Истрагата за овој случај се уште е во тек, а војската изјави дека целта на проектилот беше да не се оштети подморница туку само предупредување дека е забележана.

Препорачуваме

Партнери на Правдико