Фински образовни институции ќе ни помагаат во концептот за современо образование, најави Царовска
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Задоволство ми е што финските образовни институции ни подадоа рака и помагаат во имплементацијата на промените во основното образование, кои ги почнавме со почетокот на новата учебна година и денес нивни претставници спроведуваат обука за ефикасно градење демократска училишна клима, што ќе помогне во создавање генерации ученици што ќе бидат гласни во општеството и преку креативно и критичко размислување ќе придонесуваат кон неговиот развој. Ова го истакна министерката за образование и наука, Мила Царовска, на отворањето на обуката за поттикнување и процена на партиципативна училишна клима, која е наменета за директори, наставници и стручни соработници во училишта, а ја организира МЦГО со поддршка на УСАИД. Предавачи на обуката се претставници на Финската национална агенција за образование.
„Оваа обука се организира во вистинско време, токму кога навлеговме во имплементацијата на промените што ги предвидува нашиот автентичен концепт за унапредување на квалитетот на основното образование, кој на младите треба да им овозможи стекнување вистински вредности, што всушност и треба да ги поседува секој европски граѓанин. За тоа е потребно напредно граѓанско образование, но и добра демократска училишна клима, која сите заедно, и институциите на системот и директно раководствата и вработените во училиштата, треба да ја создадеме“, рече Царовска додавајќи дека во постигнувањето на целта во голема мера ќе помогнат претставниците од Финска, чие искуство и препораки се и важни затоа што, како што рече, токму нивната земја успеала да го изгради еден од најквалитетните образовни системи во светот.
„Благодарна сум што Финска ни помага, а тоа сметам дека е резултат на нивното согледување дека како Влада и како држава во развој навистина се трудиме да ги следиме глобалните образовни трендови и сакаме да напредуваме, сакаме да создадеме подобри услови и образовни можности за младите“, рече Царовска.
Извор: Макфакс