Фирми од Охрид кои продавале фалсификувана роба добиле глоба од 35 илјади евра
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со асистенција на СВР Охрид, денес во Охрид и Струга беше спроведена акциска контрола од страна на Координативното тело на Република Македонија за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост. Акцијата беше реализирана во координација со пазарната инспекција, УЈП, АЕК и Агенцијата за радиодифузија.
„Контролата е извршена во вкупно 10 фирми, од кои кај осум се регистрирани незаконитости. На одговорните лица им се изречени глоби, а одземени им се два ресивери и поголема количина патики и други обувки од повеќе марки, информираат од СВР Охрид.
– На кабелски оператор во Струга одземена му е опрема со која незаконски емитувал програма и изречена му е глоба од 2.000 евра. Додека во Охрид од четири фирми одземена е поголема количина обувки од познатите брендови и изречена им е глоба во висина од 35.000 евра – изјави Мите Костов, првиот човек на координативното тело за заштита на интелектуалната сопственост, на авторските права и права од индустриска сопственост.
Костов додаде дека со акциите што ги спроведуваат надлежните служби во континуитет, пиратеријата во Макдонија е намалена за околу четириесет проценти.
По завршување на судската постапка против прекршителите, одземената стока ќе биде јавно уништена согласно законот.
Извор: Мета.мк