Фирми од Прилеп и Скопје го оштетиле Македонски Брод за 9.000.000 денари
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Педесет и осумгодишниот М.С. од Прилеп, 55-годишниот Љ.Т. од Скопје и 58-годишниот М.В. Од Македонски Брод, како и фирмите „Пела-Транс“ ДООЕЛ од село Мажучиште, Прилепско и ДПИТУ „Хидро градежен инженеринг“ ДОО Скопје се осомничени дека ја злоупотребиле службената положба и ја оштетиле општината Македонски Брод за 9.270.480 денари.
Провопријавениот М.С., управител на „Пела-Транс“, од 2013 до 2016 година, во име и за сметка на фирмата, при изведување градежни работи на проект „Модернизација на улица Маршал Тито – краци 1-5“ во општина Македонски Брод, спротивно на Постапката за доделување договор за јавна набавка за делот од договорот за асфалтирањетона улицата, ангажирал подизведувач, иако тоа не го имал наведено во тендерската документација. За извшените градежни работи, иако не биле во согласност со Договорот, од општина Македонски Брод како договорен орган, фактурирал и наплатил 9.270.480 денари. Првопријавениот свесно извршувал или дозволил да бидат извршувани работни активности и вградувал градежни материјали во количини различни од предвидените во премер-пресметката и за тоа не водел соодветно градежно-техничка документација – градежен дневник, во којшто требало да се води секојдневна евиденција на работните активности.
На таков начин дозволил во времените ситуации да ги наплати и дополнително изведените градежни работи од подизведувачот, кои во завршниот извештај од надзорниот орган биле оценети со несоодветен квалитет и, според мислењето на надзорот, тие дополнителни работи требало да паднат на товар на изведувачот, со што би се задоволиле и исполниле условите од тендерската документација. Заради дополнително изведените градежни работи, првопријавениот ги наплатил преку склучување на Анекс на претходно склучениот договор со третопријавениот, а со знаење на второпријавениот во износ од 1.846.116 денари. На овој начин пријавените предизвикале материјална штета од 9.270.480 денари на сметка на буџетот на општина Македонски Брод.