Фирмите кои не склучиле договор за купување струја ќе се исклучуваат од мрежата
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Околу 50 компании од вкупно 222 што до крајот на минатиот месец имаа обврска да склучат договори за купување струја на слободниот пазар со некој снабдувач или трговец со електрична енергија, ја немаат исполнето оваа обврска, дознава „Дневник“.
Иако минатата недела Регулаторната комисија за енергетика излезе со соопштение дека на сите што нема да склучат договори, енергетските компании ЕВН, ЕЛЕМ и МЕПСО ќе престанат да им испорачуваат електрична енергија, сепак, дел од нив не склучија договори иако од 1 април, кога стапува во сила втората фаза од либерализација на пазарот на електрична енергија стануваат квалификувани потрошувачи, односно самостојно треба да купуваат струја. Ним РKЕ донекаде им излезе во пресрет со тоа што им се даде можност и вчера да склучат договор.
Ако не го направат тоа, им се заканува од почетокот на идниот месец да останат без електрична енергија. Во случај подоцна од предвидениот рок да склучат договори, Регулаторна дополнително ќе утврдува какви мерки ќе преземе кон нив. Ова единствено нема да важи за јавните претпријатија на државно и локално ниво, кај кои с` уште траат постапките за јавна набавка.
Новите квалификувани потрошувачи инаку можат електричната енергија да набавуваат од шест снабдувачи или од над 70 трговци. Лиценци за снабдувачи имаат компаниите „ЕВН – Снабдување“, ГЕН-И, „Енерџи деливери солушнс“ (ЕДС), „Мист енерџи“, „Фјучр енерџи“ и „Енерџи сервисис“, а од трговците голем дел и не се активни, односно се проценува дека добар дел од нив сака „да си ја испроба среќата“ во бизнисот со електрична енергија.
На слободниот пазар инаку излегуваат сите компании што според податоците од Централниот регистар имаат над 50 вработени и годишен обрт од над 10 милиони евра, меѓу кои се и дваесетина јавни претпријатија. Централниот регистар во јуни ќе излезе со нов список за компании што в година ќе влегуваат во оваа категорија.
Извор: Дневник