Фирмите со блокирани сметки ќе може да плаќаат со пресметка до 31.12.2017 година.
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со постојните одредби од Законот за платниот промет е утврдено дека учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка, меѓусебното намирување на паричните обврски и побарувања преку компензација, асигнација, цесија и преземање на долг можат да го вршат до 31.12.2015 година.
Имајќи предвид, дека од 1 јануари 2016 година престанува можноста за плаќање со пресметка од страна на субјектите кои имаат блокирана сметка, а да не се зададе дополнителен товар на стопанството се оцени дека е неопходно примената на наведената одредба да се одложи за две години. Имајќи го во предвид горенаведеното, се оцени дека е неопходно да се изврши изменување на Законот за платниот промет.
Основната цел поради која се предлага овој Закон е одложeна примена на одредбата од членот 25 став (1) од Законот за две години, со што учесниците во платниот промет кои имаат блокирана сметка меѓусебните парични побарувања и обврски ќе можат да ги плаќаат со пресметка до 31.12.2017 година.