Фирмите со над 10 вработени да го усогласат работењето со Законот за заштита на укажувачите
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Со Законот за заштита на укажувачите се уредуваат заштитеното пријавување, правата на укажувачите, како и постапувањето и должностите на институциите, односно правните лица во врска со заштитено пријавување и обезбедувањето заштита на укажувачите.
Кој може да се јави како укажувач?
Укажувач во смисла на овој закон е лице кое со добра намера врши заштитено пријавување, а може да биде:
– лицe коe има засновано работен однос на неопределено или определено време во институцијата, односно правното лице за каде пријавува;
– кандидат за вработување, кандидат за волонтер или практикант во институцијата односно правното лице за каде пријавува;
– лице кое е или било волонтер или практикант во институцијата, односно правното лице за каде пријавува;
– лице кое по било кој основ е или било ангажирано за извршување на работа од институцијата, односно правното лице за каде пријавува;
– лице кои по било кој основ е или било во деловен однос или друг однос на соработка со институцијата, односно правното лице за каде пријавува;
– лице кое користи или користело услуги во институцијата, односно правното лице во јавниот и приватниот сектор за каде пријавува.
Заштитено пријавување е пријавување со кое се пренесува разумно сомневање или сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес.
Видови на заштитено пријавување
1.Заштитено внатрешно пријавување
Заштитено пријавување укажувачот врши во институцијата, односно правното лице, за каде има сомневање или сознание дека е извршено, се врши или ќе се изврши казниво дело, или друго незаконито или недозволиво постапување со кое се повредува или загрозува јавниот интерес .Заштитено внатрешното пријавување укажувачот врши на начин усно на записник или во писмена форма до лице овластено од раководното лице во институцијата, односно правното лице за каде пријавува (овластено лице за прием на пријави од укажувачи).
Заштитеното внатрешно пријавување во институциите во јавниот сектор се уредува со акт што на предлог на Државната комисија за спречување на корупцијата го донесува министерот за правда.
Заштитеното внатрешното пријавување во приватниот сектор се уредува со внатрешен акт на правното лице со најмалку 10 вработени лица. Внатрешните акти се прават јавно достапни до сите вработени во институцијата, односно правното лице.
2.Заштитено надворешно пријавување
Заштитено пријавување укажувачот може да врши и со пријавување до Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република Македонија или други надлежни институции, односно правни лица, доколку:
– пријавувањето е непосредно или посредно насочено против раководното лице во институцијата, односно правното лице каде пријавува или
– укажувачот во врска со пријавувањето не добие информација за преземени мерки во врска со пријавата, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата
– не се преземени мерки или укажувачот не е задоволен од постапувањето или се сомнева дека нема да се преземат мерки или дека пријавувањето ќе предизвика штетни последници по него или по негово блиско лице.
Заштитено надворешно пријавување укажувачот врши усно на записник или писмено до овластено лице, односно раководно лице во институцијата односно правното лице каде пријавува.
3. Заштитено надворешно пријавување
Заштитено пријавување укажувачот може да врши и со пријавување до Министерството за внатрешни работи, надлежното јавно обвинителство, Државната комисија за спречување на корупцијата, Народниот правобранител на Република Македонија или други надлежни институции, односно правни лица, доколку:
– пријавувањето е непосредно или посредно насочено против раководното лице во институцијата, односно правното лице каде пријавува или
– укажувачот во врска со пријавувањето не добие информација за преземени мерки во врска со пријавата, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата или
– не се преземени мерки или укажувачот не е задоволен од постапувањето или се сомнева дека нема да се преземат мерки или дека пријавувањето ќе предизвика штетни последници по него или по негово блиско лице.
Заштитено надворешно пријавување укажувачот врши усно на записник или писмено до овластено лице, односно раководно лице во институцијата односно правното лице каде пријавува. Органите, институциите односно правните лица до кои укажувачот извршил заштитено надворешно пријавување се должни во рамките на своите надлежности да постапат по пријавата , да ги заштитат личните податоци на укажувачот, односно податоците кои можат да го откријат идентитетот на укажувачот кој бара да биде анонимен или пријавува доверливо, согласно со прописите за заштита на личните податоци, а за преземените мерки да го информираат укажувачот без одлагање, а најдоцна во рок од 15 дена од денот на приемот на пријавата.
4. Заштитено јавно пријавување
Заштитено јавно пријавување укажувачот може да врши со правење јавно достапни информации во врска со сознание дека е извршено, се извршува или е веројатно дека ќе се изврши казниво дело со кое се повредува или загрозува животот на укажувачот и нему блиско лице, здравјето на луѓето, безбедноста, животната средина, штети од големи размери, односно ако постои непосредна опасност од уништување на докази.
Укажувач кој ќе изврши пријавување со правење јавно достапни информации спротивно на закон и без претходно пријавување до овластено лице за прием на пријави од укажувачи, односно до надлежна институција , нема право на заштитата која се обезбедува.
Укажувач кој врши заштитено јавно пријавување со правење јавно достапни информации е должен да ја почитува презумцијата на невиност на пријавениот, правото на заштита на личните податоци на пријавениот, како и да не го загрозува водењето на судската постапка.
Глобите за непостапување и неусогласување на актите со Законот за заштита на укажувачи се движат од 2.000 до 6.000 евра.
Документи: