Фирмите ,помалку ,50 вработени , бидат ослободени , водење , канцелариско , архивско работење ,Предлог измени | Правдико

Правдико

   

Фирмите со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени за водење на канцелариско и архивско работење – Предлог измени

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Fondos_archivoОд утврдената состојба на терен и водените разговори со приватните иматели се стекна сознание дека приватните иматели создаваат архивски и документарен материјал во помал обем, имаат сопствена номенклатура на заведување на документите и од тие причини се пристапи кон изменување на член 32 со тоа што се намалуваат обврските на приватните иматели и им се овозможува или да водат основна евиденција (деловодник) или евиденција согласно нивна номенклатура на броеви.

Битно е да имаат евиденција на документацијата која ја создаваат. Тоа ќе се преслика на изработката на План на архивски знаци, Листа на архивски материјал и Листа на документарен материјал, кои ќе се изработуваат или согласно Планот и Листите дефинрани во Упатството или ќе употребуваат броеви и содржина согласно нивната номенклатура на броеви и согласно документите што ги создаваат. Исто така се направи поделба на иматели на приватен архивски и документарен материјал со до 49 вработени (мали) и иматели со над 49 вработени, од причина што постојат мали правни лица кои создават документација во исклучително мал обем.

Ќе се изврши поедноставување на канцелариското и архивското работење за приватните фирми, со тоа што фирмите со помалку од 50 вработени ќе бидат ослободени од законската обврска за водење на канцелариско и архивско работење согласно одредбите од овој закон, а за останатите фирми, односно оние со 50 и повеќе вработени се дава законски основ постојната евиденција која веќе ја имаат воспоставено да се смета за уредна. Исто така се дава законска обврска за Државниот архив на Република Македонија да врши архивирање на документите во електронска форма.

Целиот текст на предлог измените можете да го превземете ТУКА

Препорачуваме

Партнери на Правдико