Фицо: Словачка до 18 декември ќе поднесе тужба против ЕУ за квотите | Правдико

Правдико

   

Фицо: Словачка до 18 декември ќе поднесе тужба против ЕУ за квотите

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Словачкиот премиер Роберт Фицо соопшти дека Словачка до 18 декември пред Европскиот суд на правдата ќе поднесе тужба против Европската унија затоа што е надгласана и наредено ѝ е да прими 802 бегалци во рамки на еднократните квоти за прераспределба.

fico

– Немаме никаква причина да го промениме мислењето за тој наш став – рече Фицо и додаде дека своите материјали и документи за тужбата ги испратил до сите министерства.

Словачка, заедно со Чешка, Унгарија и со Романија, на состанокот на министрите за внатрешни работи на 22 септември, беше надгласана во врска со прашањето за прифаќање бегалци.

Фицо нагласил дека одлуката на Словачка да ја тужи ЕУ не е насочена против самите бегалци, ниту, пак, официјална Братислава е против солидарноста, туку против начинот на кој е одлучено.

– Не е во ред со мнозинско гласање да се одлучува за толку чувствителна тема. Тужбата може да има големо значење затоа што ќе реши многу прашања за односот меѓу суверените држави, како и за тоа како да се гласа – рече Фицо.

Извор: Мета.мк

Партнери на Правдико