Правдико

   

Физичка пресметка по расправија за огревни дрва

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Вербална расправија и недоразбирање за огревни дрва резултирале со тепачка помеѓу А.Х. (44) и Т.М. (21), на улица „Осојски пат“ во Кичево, вчера околу 13.30 часот.

Т.М. со остар предмет му нанел на А.Х. повреди во пределот на лицето. На А.Х. потоа му била укажана лекарска помош во Медицинскиот центар во Кичево, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Битола.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од полицијата Кичево, при што пронајден е нож и со записник е подигнат од самото место.

ПС Кичево презема мерки за документирање и целосно расчистување на случајот.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико