Физички напад врз даночен службеник во Тетово | Правдико

Правдико

   

Физички напад врз даночен службеник во Тетово

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

ujp-inspekcija-maja-janevska4Денес/16 ноември 2015 година, вработен во Регионалната дирекција во Тетово е физички нападнат од даночен обврзник. Имено, странката заради добиена опомена за неплатен долг за придонес за здравствено осигурување од вршење на земјоделска дејност, влегол во канцеларијата каде даночниот службеник ги вршел своите работни обврски, а откако упатил вулгарни и заканувачки пораки, обврзникот и физички го нападнал вработениот.

По инцидентот, случајот е пријавен во полиција и извршен е увид на местото на настанот.

За жал, ваквите инциденти на вербални и физички напади на вработени во УЈП, во изминатите години зачестуваат. Управата за јавни приходи како и секојпат изразува згрозеност од навреди, бруталност и било каква форма на насилство, со што се доведува во прашање безбедноста и здравјето на вработените при вршење на професионалните должности за наплата на даноците.

Препорачуваме

Партнери на Правдико