Фондацијата на Џорџ Сорос ја тужеше Унгарија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Фондацијата „Отворено општество“ на американскиот милијардер со унгарско потекло Џорџ Сорос соопшти дека е поднесена тужба пред Европскиот суд за човекови права и унгарскиот Уставен суд околу неодамна воведениот закон насочен против невладините организации кои работат со бегалци и со баратели на азил.
Џејмс Голдстон од фондацијата „Отворено општество“ рекол дека правната постапка е покрената за да се спротистави на законите чија цел е, како што вели, застрашување и замолчување на независните гласови во Унарија.
Законот беше усвоен во јуни и предвидува казна затвор од една година за луѓето кои им помагаат на барателите на азил, а во јули со законот е воведена такса од 25 отсто на финансиската и друга помош од странство за групи или организации кои ја промовираат миграцијата.
Фондацијата „Оворено општество“ поддржува некои од невладините оргазаниции кои се на мета на антимиграционата политика на унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Извор: Макфакс