Forbes објави нова листа на најбогатите луѓе во светот | Правдико

Правдико

   

Forbes објави нова листа на најбогатите луѓе во светот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Соосновачот на Microsoft Бил Гејтс повторно се најде на прво место на листата најбогати луѓе во светот. Магазинот Forbes неговото богатство го порценил на 86 милијарди долари, додека претседателот на САД Доналд Трамп падна за повеќе од 200 места, пренесува AFP.

Гејст е на чело на листата четврта година по ред, а по него е шефот на Berkshire Hathaway Ворен Бафет со проценето богатство во вредност од 75.6 милијарди долари.

На листата на првите 10 најбогати во светот доминираат Американци, повеќето од нив работат во технолошкиот сектор, а меѓу нив се основачот на Amazon Џеф Безос на позиција број три, основачот на Facebook Марк Закерберг на петто место и соосновачот на Oracle Corporation Лери Елисон кој е седми.

„Популацијата на милијардери ширујм светот се зголемила за 13 отсто во текот на минатата година на 2.043 луѓе, што претставува најголемо годишно зголемување во последните 31 година откако магазинот започна да ја составува листата,“ соопшти Forbs.

Се наведува дека на листата повеќето милијардери се од САД, вкупно 565, што се должи на растот на вредноста на америкнаската берза по победата на Доналд Трамп на претседателските избори во ноември 2016 година, Кина а втора со 319 милијардери, а Германија трета со 114.

Трамп паднал за 220 места на листата и сега е на позиција 544 со богатсво проценето на 3.5 милијарди долари.

Forbes ваквиот пад го припишува на ослабениот пазар на недвижности на Менхетн, кварт во Њујорк во кој е стациониран најголемиот дел на неговото богатсвото во недвижности.

„Четириесет отсто од богатството на Доналд Трамп е врзано за кулата на Tрамп (Trump Tower) и осум згради во круг од една милја околу кулата,“ пишува Forbs.

Меѓу останатите 10 најбогати на Форбсовата листа се Аманасио Ортега, сопственик на шпанскиот синџир продавници Zara, потоа мексиканскиот телекомуникацикси тајкун Карлос Слим на шесто место, браќата Кох, Чарлс и Дејвид се осми и деветти, а на позиција 10 е поранешниот градоначалник на Њујорк и основач на Bloomberg News Мајкл Блумберг.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико