Правдико

   

Формиран CyberPeace Институт за поддршка на жртвите од конфликти во кибер-просторот

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Основан заради справување со влијанието од големите кибер-напади, CyberPeace Institute ќе им помага на ранливите заедници, ќе промовира транспарентност и ќе ги унапреди глобалните дискусии за прифатливо однесување во кибер-просторот.

Со најавата за формирање на CyberPeace Institute, на 26 септември 2019 година во Женева се случи нов исчекор во глобалните напори за намалување на конфликтите и промовирање мир и стабилност во кибер-просторот. Оваа невладина организација има за цел да се справува со растечкото влијание од големи кибер-напади.

Институтот ќе се фокусира на следново:

  1. Помош: координација на напорите за закрепнување на најранливите жртви на кибер-напади и помагање на ранливите заедници и организации да станат поотпорни на напади.
  2. Отчетност: поедноставување на колективните анализи и истражувања на кибер-нападите, вклучувајќи проценка на штетата и овозможување поголема транспарентност за проблемот, со цел сите да добијат подобри податоци.
  3. Развој: промоција на позитивно и одговорно однесување во кибер-просторот преку зајакнување и унапредување на почитувањето на меѓународните закони и регулативи.

Кибер-нападите предизвикуваат огромна штета на луѓето и цивилната инфраструктура низ целиот свет. Најштетните напади уништуваат бизниси, ја запираат економијата и затвораат болници. Во последниве години, овие напади се насочија и кон сервисите на локалната самоуправа, го загрозија снабдувањето со енергија, но и инфраструктурата за спроведување избори.

Со оваа новоформирана организација, раководи осумчлен извршен одбор и советодавен одбор составен од 14 лица- експерти за кибер-безбедност, меѓународно право, човекови права и меѓународни односи. Во наредните месеци, Институтот ќе  ангажира експерти и заинтересирани страни за да ја спроведе својата мисија, фокусирајќи се на создавање глобални партнерства со јавниот и приватниот сектор, граѓанското општество и образовните институции.

За повеќе детали околу целите и работата на Институтот, посетете ја нивната страна www.cyberpeaceinstitute.org

Извор: Хелсиншки комитет

Партнери на Правдико