Формирана работна група за спроведување на Законот за јазиците
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Владата на денешната 120. седница донесе одлука за формирање на меѓуресорската работна група за спроведување на Законот за употреба на јазиците.
Како што соопшти владината прес-служба, дел од обврските што ќе ги има ова тело опфаќаат подготовка на акциски план за спроведување на Законот за употреба на јазиците, во рок од 15 дена од денот на влегувањето во сила на одлуката, понатаму следење на динамиката на реализација и имплементација на акцискиот план, давање насоки на институциите во функција на координирање, организирање, имплементирање и операционализирање на мерките и активностите согласно тој план.
Членови на меѓуресорската работна група согласно со владината одлука се генералниот секретар на Владата, заменик-генералниот секретар на Владата, државниот секретар во Министерството за правда, државниот секретар во Министерството за финансии, државниот секретар во Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор, секретарот на Секретаријатот за законодавство, претставник од Канцеларијата на претседателот на Владата и претставник од Собранието.
Извор: Макфакс