Форум „Европски перспективи за локалната самоуправа“ – Повик за учесници | Правдико

Правдико

   

Форум „Европски перспективи за локалната самоуправа“ – Повик за учесници

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Форумот „Европски перспективи за локалната самоуправа“ ќе се одржи од 29 до 31 март 2017 година во Битола. На Форумот ќе учествуваат 70 претставници на локалните власти и други засегнати страни на локално ниво.

Целта на овој форум е да се дискутира за процесот на европска интеграција на Република Македонија и користење на европските фондови, со посебен фокус на улогата на локалната самоуправа. Овој тридневен настан се состои од неколку обуки и информативни сесии, работилници и дебати.

Форумот е отворен за: членови на општински совети, државни службеници кои работат во општина, претставници од центри за регионален развој и граѓански организации.

Крајниот рок за пријавување е 6 март 2017 година. За повеќе информации за учество на Форумот ќе најдете во официјалниот повик. Доколку сакате да се пријавите на Форумот пополнете го Формуларот за учество  и испратете го на е-пошта: aldaskopje@aldaintranet.org.

Форумот е организиран во рамки на Програмата за децентрализирана соработка помеѓу Нормандија и Македонија, која е координирана од страна на АЛДА (Европската асоцијација за локална демократија) во соработка со Министерството за локална самоуправа и Секретаријатот за европски прашања. Проектот е поддржан од страна на Министерството за надворешни работи на Франција и Регионот Нормандија.

Препорачуваме

Партнери на Правдико