(Фото) Активистката Ристеска по речиси 24 часа во станица, спроведена пред судија
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Девојката што јавно пушеше марихуана и активистка за легализација на канабисот и негова широка употреба во медицината, Моника Ристеска, е изведена пред судија на претходна постапка.
Вчера полицијата го пронашла нејзиното привремено живеалиште кога пред неколку месеци беше извршен претрес во домот на нејзините родители, адреса што е заведена како живеалиште по лична карта. Претресот бил извршен по барање на јавен обвинител од скопското Обвинителство, oбјави Здружението за канабис и зелени политики „Билка“. Таа вечерта ја помина во полициската станица во Автокоманда.
Кривичното дело што ѝ се става на товар е продажба на наркотици. Судијата на претходна постапка треба да предложи мерки за обезбедување присуство.
Ристеска во април беше приведена бидејќи на јавно место пушеше марихуана, а потоа беше пуштена.
Извор: Макфакс