(ФОТО) Обвиненијата и доказите на СЈО стигнаа во судот
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Дваесетина кутии со обвиненија на Специјалното јавно обвинителство стигнаа во Кривичниот суд во Скопје.
Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска на прес-конференција соопшти дека до Судот во следните два дена ќе бидат поднесени вкупно 17 обвиненија за 18 предмети против 94 физички и седум правни лица.
Таа рече дека имаат цврсти докази и дека ќе ја докажат вината на осомничените пред судот.
„СЈО доследно го почитува начелото на транспарентност и нема да отстапи од него ниту денес. Несомнено сметам дека имаме обврска на целата јавност да ѝ овозможиме увид во она што претставува потврда на работата на СЈО“, рече Јанева и додаде дека СЈО, иако било формирано на 15 септември 2015 година, фактички работело само 10 месеци.
Јанева информира дека за предметот „Талир“, кој го истражува начинот на незаконско финансирање на ВМРО-ДПМНЕ, истрагата ќе продолжи.
Извор: Макфакс