Фото: Партијата на Ердоган освои мнозинство во турскиот парламент | Правдико

Правдико

   

Фото: Партијата на Ердоган освои мнозинство во турскиот парламент

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Исламската конзервативна Партија на правдата и развојот (АКП), чиј основач е турскиот претсeдател Реџеп Таип Ердоган, освои апсолутно мнозинство во Големото народно собрание на Турција на вчерашните парламентарни избори.

davutoglu

Како што јавија турските медиуми, во новот состав на 550-члениот Парламент на Турција, АКП ќе има 315 пратеници, социјалдемократската Републиканска народна партија (ЦХП) 134, курдската Демократска партија на народите (ХДП) 59 и десничасрката Партија на националистичкото движење (МХП) 41 пратеник.

Претседателот на Централната изборна комисија, Сади Ѓувен, рано изутринава информира дека според првичните конечни неофицијални резултати АКП освоила 49,4 отсто од гласовите, ЦХП 25,4, МХП 11,9, а ХДП 10,5 проценти.

celebration-turkey-elections

Ѓувен соопшти дека конечните официјални резултати од вчерашното гласање ќе бидат објавени по 11 до 12 дена.

По објавувањето на првичните резултати Ердоган изјави дека тие покажуваат оти народот избрал „да ја зачува климата на стабилност и доверба“.

Според Ердоган, од овие избори најважната порака е испратена до сепаратистичката Курдска работничка партија (ПКК) дека „насилството, заканите и пролевањето крв не можат да опстојуваат заедно со демократијата и владеењето на правото“.

Women-wave-flags-AK-Party

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу, кој уште по објавувањето на првите резултати од изборите, прогласи победа на неговата АКП, доцна синоќа најави дека новата влада што ќе ја формира „ќе остане посветена на целите што партијата ги поставила во изминатите години“.

– Ова е победа на мирот, стабилноста и демократијата. Ова е победа на сите граѓани на земјата. Нема да ја оставиме Турција без Влада. Ние нема да губиме време, веднаш ќе се фатиме за работа и ќе работиме во интерес на сите без да превиме разлики, порача Давутоглу.

Тој ги повика сите партии што обезбедија места во новиот Парламент „да почнат да работа на нов национален Устав“.

flags-celebration-turkey

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико