ФОТО: Судир меѓу полицијата и земјоделците во Атина | Правдико

Правдико

   

ФОТО: Судир меѓу полицијата и земјоделците во Атина

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Грчката полиција употреби солзавец за да ги растера земјоделци, кои претпладнево фрлаа камења врз зградата на Министерството за земјоделство во центарот на Атина.

atina

Земјоделците од цела Грција денеска се собираат во Атина на голем протест кој ќе трае цел ден, а треба да почне денеска попладне.

Со протестот тие го искажуваат своето несогласување со плановите на Владата за зголемување на пензиските придонеси и даноци.

Околу 800 земјоделци од Крит, најголемиот остров во Грција, денеска се судрија со полицајците, кои го обезбедуваат влезот во Министерството за земјоделство, фрлајќи камења и кршејќи ги прозорците.

– Земјоделците се обидоа да ги истуркаат полицајците од пред влезот на Министерството. Полицијата употреби солзавец за да ги запре, изјави официјален претставник на полицијата.

Извор: Утрински Весник

Препорачуваме

Партнери на Правдико