Фотограф од тимот на Навални осуден на затворска казна | Правдико

Правдико

   

Фотограф од тимот на Навални осуден на затворска казна

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

На 30 месеци затвор е осуден соработникот на затворениот руски опозиционер Алексеј Навални, фотографот Руслан Ахметшин. Судот во рускиот град Архангелск ја донесе пресудата денеска по обвинението за рехабилитација на нацизмот.

Обвинението против Ахметшин произлезе од неговата онлајн објава за договорот од 1939 година меѓу Советскиот Сојуз и нацистичка Германија за поделба на Полска меѓу двете земји што доведе до почетокот на Втората светска војна.

Ахметшин беше уапсен во мај на аеродромот во Москва додека планирал да ја напушти Русија. Меморијалниот центар за заштита на човекови права го посочи Ахметшин како политички затвореник.

Извор: Радио слободна Европа

Препорачуваме

Партнери на Правдико