Правдико

   

Франција: „Гугл“ казнет во 150 милиони евра за антиконкурентско однесување

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Француската управа за конкуренција го казни американскиот технолошки гигант „Гугл“ со 150 милиони американски долари за антиконкурентско однесување и нејасни регулативи на својата интернет-страница Google Ads.

Аналитичарите велат дека казната е изречена во време кога Франција и другите европски земји под строга контрола ги држат американските технолошки компании како „Гугл“, „Фејсбук“, „Епл“ и „Амазон“, кои често се цел на критиките поради релативно ниските даночни плаќања.

Во септември, „Гугл“ се согласи да плати речиси милијарда евра на француските власти за поради истрагата за фискална измама, која почна пред четири години. „Гугл“, исто така, се соочува со зголемена регулаторна контрола поради содржината што се појавува во резултатите од пребарувањето и рекламите.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико