Правдико

   

Франција ја продолжи вонредната состојба до 25 февруари 2016 година

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

pariz-policija-terorizaПарламентот во Париз го одобри продолжувањето на вонредната состојба во Франција за три месеци, кое беше воведено на 14 ноември, еден ден по терористичките напади во кои загинаа 129 лица, а беа повредени повеќе од 350 луѓе.

Вонредната состојба прогласена со указ на 14 ноември ќе биде продолжена за три месеци, почнувајќи од 26 ноември, 2015 до 25 февруари 2016 година на полноќ”, се вели во соопштението на Собранието.

Францускиот претседател Франсоа Оланд по нападот на исламската држава на 13 ноември во Париз, прогласи вонредна состојба на 12 дена, давајќи му дополнителни овластувања на полицијата во потрагата и апсењето на осомничените.

Пратениците, исто така, усвоија мерки со кои на владата и се одобрува да го блокира пристапот до сите сајтови и профили на социјалните мрежи во кои се величи тероризмот.

Вонредната состојба е многу ретка мерка во Франција, која прв пат е воведена во 1955 година, на почетокот на војната за независност на Алжир, а подоцна и само еднаш, за време на немирите во предградијата на француските градови во 2005 година.

Вонредната состојба му овозможува на властите воведување на забрана за движење на луѓе и возила, воведување на заштитни и безбедносни зони и забрана за престој на некои локации за кои власта смета дека тоа е пречка во нивната работа.

Таа мерката му овозможува на Министерството за внатрешни работи да воведе домашен притвор за луѓе чии активности можат да бидат потенцијално опасни за безбедноста на земјата и јавниот ред и мир

Партнери на Правдико