Правдико

   

Франција ја укинува употребата на мобилни телефони во училиштата

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Децата зависни од мобилни телефони во Франција ќе мора да одат на училиштe без нив и тоа врз основа на закон, кој министерот за образование го нарече мерка за одвикнување.

Партијата на францускиот претседател, Емануел Макрон, Република во движење, се надева дека законот ќе се изгласа пред почетокот на новата учебна година во септември.

Повеќе од 90 проценти од децата во Франција на возраст над 12 години имаат мобилен телефон, објави „Ројтерс“.

„Мобилните телефони се технолошка предност, но тие не можат да го монополизираат нашиот живот“, изјавил министерот за образование Жан-Мишел Бланке за француските медиуми.

„Не можете да го најдете својот пат во светот на технологијата доколку не знаете да читате, пишувате, броите, да ги почитувате другите и да работите како тим“, додал тој.

Владејачката партија поднесе амандман врз основа на кој и професорите би требало да бидат без телефони за време на наставата на што министерот рекол дека смета оти тоа не е неопходно. Од синдикатот на наставници изјавиле дека намерата да се забранат мобилните телефони и за наставниците е навреда за возрасниот персонал во училиштата и дека претставува безбедносен ризик.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико