Франција покрена тужба против Фејсбук, Твитер и Гугл | Правдико

Правдико

   

Франција покрена тужба против Фејсбук, Твитер и Гугл

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Здружението на потрошувачи во Франција (УФЦ) покрена судска постапка против социјалните мрежи на Фејсбук, Твитер и компанијата Гугл поради одредени делови во корисничките договори на споменатите компании

Twitter-Google-Plus-Facebook

– Покрената е тужба против Фејсбук, Твитер и Гугл поради кориснички договори во кои е одобрено неовластено користење на личните податоци на корисниците додека постои и простор за злоупотреба, наведено е во соопштението на УФЦ.

Во соопштението се додава дека голем дел од корисничките договори се неразбирливи и комплексни за обичниот граѓанин. Затоа, УФЦ бара од корисничките договори на споменатите три компании да се укинат 180 точки од договорот кои оставаат простор за разни облици злоупотреби.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико