Франција: Поштар украл над 13.000 писма
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Како што рече неговиот адвокат, поштарот страда од опсесивно-компулсивно нарушување, а немаше финансиски мотив.
Судот во североисточниот дел на Франција му наредил суспензија од шест месеци.
Човекот, чие име не е објавено, на полицијата и е познат подолг временски период, а веќе еднаш е приведен за измама во 2011 година.
Полицијата на таванот во неговиот дом пронајде 13.694 писма и повеќе од 6.000 разгледници.
“Тој во полиција изјави дека дека го привлекувала бојата и изгледот на ковертот. Ако тоа го правел за крадење пари, ќе го отворал секој плик ќе проверувал и на крај ќе се ослободел од сите пликови “, рече адвокатот Дејвид Зенмјер.
Адвокатите на “La Poste” верува дека зад случај стои финансиски мотив, бидејќи, во некои коверти имало пари.
Франција пост вети дека ќе ги испрати сите писма до дадената адреса, иако некои од нив се пратени во 2001 година.