Француската полиција го претресе домот на претседателскиот кандидат Фијон | Правдико

Правдико

   

Француската полиција го претресе домот на претседателскиот кандидат Фијон

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Во четвртокот е извршен претрес во парискиот дом на кандидатот на француските конзервативци на претседателските избори Франсоа Фијон, кој ќе биде обвинет во афера за фиктивни вработувања и кој изглед станува сé повеќе изолиран откако го критикуваа и неговите приврзаници.

Поранешниот премиер во владата на поранешниот претседател Николас Саркози важеше за фаворит до крајот на јануари кога започна истрагата за неговата наводна злоупотреба на средства на даночните обврзници и објавите на весникот Le Canard Enchaine дека на својата сопруга Пенелопа ѝ исплатил 500.000 евра за работа којашто не ја вршела, обвинувања коишто тој ги отфрли.

Фијон, кој во сабота ќе наполни 63 години, во средата откри дека судот да планира да го стави под официјална истрага, како и дека мора пред судот да се појави до 15-ти март. Процесот го отфрли како „политички атентат“, но истакна дека ќе соработува со надлежните институции.

„Нема да се дадам, нема да се предам, нема да се откажам. Ќе се борам до крајот“, заклучи Фијон.

Но неговиот случај предизвика повеќе истапи во неговата партија Републиканци. Петнаесет конзервативни пратеници побараа да се повлече, а претходните поборници на поранешниот премиер Ален Жипе кој му беше противкадидат на партиските предизбори и кои подоцна му се приклонија, сега го напуштаат. Во четвртокот поранешниот премиер од десниот центар Доминик де Вилпен изјави дека Фијон со тоа што не се повлекува го води својот табор во амбис.

„Базата е цврста“, реагираше во четвртокот Фијон и започна со турнеја по југот на Франција, во надеж дека ќе ја заживее кампањата.

Само секој четврти Французин ја одобрува неговата одлука да остане кандидат, според анкетата објавена во четврток. Анкетите веќе покажуваат дека Фијон најверојатно ќе ги изгуби изборите. За фаворит е прогласен Емануел Макрон, независен кандидатот на левиот центар, а со него во вториот круг ќе се соочи Марин Лепен, челничката на крајно десниот Национален фронт.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико