Француската влада предупреди на можни протести по барањето на судот муслиманите да ги тргнат „рамазанските шатори“
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Француските власти се предупредени дека муслиманите би можеле да го запалат соседството во едно од предградијата на Париз претежно населено со мигранти откако судот нареди отстранување на неколку шатори подигнати за Рамазан, пренесува „Брејтбарт“. Административниот суд наредил шаторите кои се подигнати во општината Севран во североисточниот дел на Париз, да бидат тргнати зашто биле подигнати на приватен паркинг, извести„Паризиен“.
Градоначалникот и муслиманските организатори на шаторите, кои се користат за да се сместат муслиманите кои се молат за време на светиот месец Рамазан, добија рок од судот до вторник да ги отстранат шаторите, што поттикна гнев и предупредувања дека ситуацијата може да ескалира во немири. Ако шаторите не се отстранат до вторник, градот може да се соочи со парична казна од 2 000 евра дневно. Мустафа Арар, генерален секретар на локалната асоцијација, рече:
„Веќе четири години ги поставуваме шаторите на овој паркинг на најоддалеченото место од куќите за да ги вознемириме што е можно помалку. Во сите други населби во Севран донаторите им овозможуваат на здруженијата да поставуваат шатори, зошто ние да немаме право да го сториме тоа”, рече Арар и го нарече судскиот случај провокација.
Севран има голем број жители со мигрантско потекло, претежно муслимани. Уште во 2013 година се покажа дека повеќе од половина од жителите на областа, прогласена за чувствителна урбана зона, се од мигрантско потекло.
Немирите не се невообичаени во предградијата на Париз и обично се поттикнати од интеракциите меѓу локалните жители и полицијата, како што беше случајот минатата година кога избувнаа големи немири откако еден жител се пожали дека полицијата го напаствувала со палка. Подоцнежните докази и експертското сведочење фрлија сомнеж врз тврдењето на Тео. Неодамнешниот инцидент во Тулуз беше предизвикан откако на муслиманка ѝ беше наложено да го отстрани својот никаб, кој е забранет според францускиот закон. Други тврдеа дека причина за насилството била смртта на затвореник во блискиот затвор.
Извор: Макфакс