Француски обвинители бараат да му се суди на Саркози | Правдико

Правдико

   

Француски обвинители бараат да му се суди на Саркози

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поранешниот шеф на француската држава Никола Саркози, кој минатиот месец објави дека повторно ќе се кандидира за претседател на изборите наредната година, би можел да се соочи со судска постапка поради наводно нелегално финансирање на неговата неуспешна кампања за реизбор во 2012 година.

06092016104620_web_sarkozi

– Обвинителите бараат на сите што се обвинети да им се суди – наведува извор на АФП близок до истрагата.
Локални медиуми посочуваат дека истражен судија треба да одлучи дали ќе ги прифати препораките на обвинителството. Ако тој се согласи со обвинителството, судењето би можело да претставува проблем за кандидатурата на Саркози на наредните избори.

Ако сака повторно да учествува во трката за претседател, тој во ноември треба прво да победи на внатрепартиските избори на конзервативците, а потоа веројатно ќе се соочи со актуелниот социјалистички претседател Франсоа Оланд и првата дама на ултрадесницата Марин Ле Пен. Против Саркози во февруари беше отворена формална истрага, кога беше на распит во канцеларијата на парискиот финансиски обвинител поради наводите дека бившиот претседател со измами значително ја надминал границата за финансирање на кампањата.

Извор: Нова Македонија

Партнери на Правдико