Француски суд наложил психијатриска евалуација за Марин ле Пен | Правдико

Правдико

   

Француски суд наложил психијатриска евалуација за Марин ле Пен

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Францускиот суд наложил да биде извршена психијатриска евалуација на Марин ле Пен што претставува дел од истрагата за нејзината одлука да прикачи снимки од егзекуции од Исламска држава на „Твитер“, изјави таа, притоа одбивајќи ја наредбата.

Оваа истрага претставува една од неколкуте кои ја попречија нејзината партија, која се обидува повторно да се изгради откако загуби од претседателот Емануел Макрон во вториот круг од изборите во Франција.

Истрагата е започната поради три графички прикази на егзекуции од Исламска држава кои Ле Пен ги објавила на „Твитер“ во 2015, вклучувајќи го и обезглавувањето на американскиот новинар Џејмс Фоли.

Судот не потврди дали навистина ѝ наложил таква евалуација, но изјави дека овие проценки биле нормален дел од ваквите истражни постапки.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико