Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски | Правдико

Правдико

   

Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и не го поткопува македонскиот идентитет.

“Предлогот се сведува на едно барање, да се внесат Бугарите во Уставот. Не верувам дека ова е судбинска дилема. Мојот став е дека со одлуката да го прифатиме предлогот е само за да ги отвориме преговорите. Одлуката да го прифатиме францускиот предлог нема да биде историски триумф или историски дебакл. Според мене ова е транзиционен процес. Предлогот за мене во оваа фаза е прифатлив”, кажа Пендаровски.

Според него, засега нема консензус за влез на Бугарите во Уставот.

“Убеден сум дека не сме можеле да добиеме повеќе. Не тврдам дека со преговорите во изминативе две години не можело да се добие нешто поквалитетно, ама немало да има суштина туку детали”, додаде тој.

Извор: Макфакс

Препорачуваме

Партнери на Правдико