Францускиот припадник на ИС осуден на 15 години затвор за нападите на "Шарли ебдо" | Правдико

Правдико

   

Францускиот припадник на ИС осуден на 15 години затвор за нападите на “Шарли ебдо”

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

criminal-justice-careersКлучниот француски припадник на Исламската држава Салим Бенгален кој се поврзува со напаѓачите на францускиот сатиричен весник “Шарли ебдо”, беше осуден во отсуство на 15 години затвор. Ваквата одлука беше донесена од страна на судот во Париз, објави АФП.

Уште шест членови беа осудени со пресуди од шест до девет години затвор. Се верува дека Бенгал моментално е во Сирија.

Претходно денеска, на првата годишнина од терористичките напади на сатиричниот магазин Чарли ебдо, францускиот претседател Оланд изјави дека терористичката закана продолжува да ја оптеретува Франција и повика на поголема соработка меѓу францускиот служби за безбедност за да се спречат идни терористички напади.

Во терористичкиот напад врз седиштето на Шарли Ебдо на 7-ми јануари минатата година, загинаа 11 лица и еден полицаец, а дводневното крвопролевањето во регионот на Париз заврши со биланс од 17 мртви, меѓу кои и тројца полицајци.

Препорачуваме

Партнери на Правдико