Францускиот суд го ослободи Рамуш Харадинај
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Францускиот суд нареди ослободување на поранешниот косовски премиер и лидер на партијата Алијанса за иднината на Косово, Рамуш Харадинај, пренесува AFP.
Харадинај е ослободен со кауција под услов да не ја напушта Франција, одземен му е пасошот и мора двапати неделно да се јавува во надлежната полициска управа, јавува Танјуг. Како што се наведува, тој на слобода ќе ја чека конечната одлука по барањето на Србија за негово испорачување поради обвинувањата за воени злосторства на Косово.
Косовскиот политичар и поранешен командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) минатата среда беше лишен од слобода на аеродромот Басел-Милуз, врз основа на потерницата која Србија ја има по него распишано во 2004-та година.
Србија бара негово испорачување поради сомнежите дека извршил злосторства на Косово во 1998-та и 1999-та година, кои не се опфатени со обвиненијата на Хашкиот трибунал, по кои беше правосилно ослободен.
Српските правосудни органи тврдат дека поседуваат и нови докази кои не биле претставени во Хаг.
Извор: Макфакс