Правдико

   

Француските власти загрижени поради најавеното ослободување 148 џихадисти

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Француските полицајци и разузнавачките агенции изразија загриженост поради претстојното ослободување најмалку 148 радикални исламски екстремисти до крајот на 2022 година, пренесува „Ле Журнал ду диманш“.

Џихадистите се опишани како многу опасни лица од страна на националниот обвинител за борба против тероризмот (ПНАТ), Жан-Франсоа Рикард, на неодамнешниот парламентарен комитет, а 45 осудени за тероризам треба да бидат ослободени до крајот на годината.

Француската агенција за внатрешно разузнавање, Генералниот директорат за внатрешна безбедност (ДГСИ), исто така изрази слични стравувања нарекувајќи го ослободувањето на осудените терористи голема грижа.

Властите велат дека ослободувањето на џихадистите им претставува поголема грижа отколку враќањето на борците на Исламската држава, кои се враќаат од Блискиот Исток, бидејќи нивото на радикализација меѓу оние што треба да бидат ослободени не е доволно мерено, а проблемот со исламистичката радикализација во француските затвори продолжува да расте.

Некои затвореници, како што е Билал Таги, кој беше осуден на 28 години за обид за убиство на двајца супервизори во затворот во 2016 година, наводно се откажале од радикалните исламски идеи, но властите не веруваат во тоа.

Републиканскиот пратеник Ерик Чоти го претстави законот за кој треба да се расправа во мај и кој се однесува на прашањето за безбедноста и со кој владата би имала овластување да ги задржи во затвор џихадистите што се сметаат за сериозна закана за безбедноста.

Во Велика Британија џихадисти ослободени од затвор се одговорни за двата терористички напада последниве месеци во Лондон. Судеш Аман (20), кој рани две лица во Стрејтем, Лондон, беше ослободен од затвор по издржувањето само половина од тригодишната казна.

Британскиот премиер, Борис Џонсон, предложи прекинување на автоматското предвремено ослободување во случаите на тероризам, а анкетата покажува огромна поддршка за мерката од британската јавност.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико