Французин признал дека силувал 40 жени и девојчиња
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Татко на три деца од Франција признал дека силувал 40 жени и девојчиња во периодот од 1980 година до денес, објавија властите. Дино Скала (57) ги признал своите злосторства откако полицијата утврдила дека неговата ДНК кореспондирала со примероците од неколку случаи. Француските медиуми објавија дека неговата најмлада жртва имала 13 години.
Скала, кој предводел фудбалски клуб од местото Понт-сур-Самбре, е дедо, татко на три деца и омилен член во неговата заедница. Тој бил уапсен во понеделникот откако полицијата го идентификувала неговото возило при истрагата за силување на една млада жена во Белгија минатата недела.
Полицијата идентификувала 19 негови жртви во Франција, а за време на распитот тој признал вкупно 40 напади. Скала изјавил дека „дејствувал по инстинкт што не можел да го контролира“. Градоначалникот на Понт-сур-Самбре, Мишел Детаи, изјавил дека злосторствата што ги извршил Скала „не се совпаѓаат со неговата личност“ и дека тој бил сметан за „столб на заедницата“.
Извор: Макфакс