Правдико

   

Фрчат казни за адвокати во кривичниот суд, тројца добија казни од 1 000 евра

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Поради неприсуство на тројца адвокати, Судот го одложи денешното рочиште за предметот на специјалното јавно обвинителство со кодно име „Топлик“. Судијата Осман Шабани парично ги казни со по 1 000 евра адвокатите на обвинетиот ексминистер за транспорт и врски Миле Јанакиески, Еленко Миланов и Сања Алексиќ, и штипскиот адвокат Дончо Наков, со образложение дека иако биле уредно повикани за денешната главна расправа не се појавиле на судењето. Адвокатите со писмени поднесоци испратени на 19 септември го известиле Судот дека поради судењето за настаните од 27 април нема да можат да присуствуват на рочиштето за „Топлик“.

Обвинетиот Јанакиески замоли да не се одржи судењето бидејќи, како што рече тој, лично сака процесот да заврши што побрзо бидејќи е уверен оти предметот е чист, а не може да ангажира други адвокати среде процесот бидејќи постапката е во подмината фаза.

„Не бегам. Сакам што поскоро да се соочам со сведоците“, рече Јанакиески.

Судијата Огнен Ставрев на присутните на судењето на „Топлик“ им рече дека во Македонија има над 1 000 адвокати и само 9 судии во одделот за судење предмети од областа на организиран криминал и корупција и дека треба присутните да го почитуваат времето и распоредот на сите странки во постапката, но и времето на Судот.

За предметот се закажани се 6  рочишта во октомври и ноември. На денешното рочиште со полиција беа донесени тројцата сведоци  Емилија Путилин, Малинка Матевска и Василка Поп Ѓорѓиева, кои не се појавија на минатото рочиште.

Утрово беше одложено и судењето за предметот „Насилство во Центар“ во кое Јанакиески, исто така, е обвинет. Тој претходно испратил известување – претставка до Судот дека нема да присуствува на рочиштето.

Првообвинет во предметот „Топлик“ е ексминистерот Јанакиески. Во случајот обвинети се и Томе Ѓурчилов и Димитар Димовски, како и уште четири други лица, членови на Комисијата за јавни наддавањa при Министерството за транспорт и врски како соизвршители. Според обвинението на СЈО, тие ја злоупотребиле службената положба и овластувањето и го оштетиле буџетот за приближно 1 милион евра при продажба на земјиште за месноста Сончев Град во Сопиште.

СЈО тврди дека, иако надлежната комисија во Министерството укажала дека не може да се продава земјиштетото за Сончев Град, Јанакиески експресно формирал нова комисија, која дозволила да биде објавен огласот за продажба. Бил склучен и купопродажен договор со фирмата „Сан сити“ во 2007 година, кoj четири години подоцна спогодбено е раскинат. Во овој случај Апелациониот суд одлучи доказ да бидат и 11 бомби на специјалното јавно обвинителство.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико