Правдико

   

„Фридом хаус“: Демократијата во Македонија на нивото од 2001 година

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Оцената на Македонија е влошена, а демократијата е на речиси исто ниво како што била во 2001 година, оценува годишниот извештај на „Фридом хаус“, „Земји во транзиција 2017“.

На скалата, каде што 1 е најдемократска, а 7 значи најмалку демократска оцена, Македонија добила 5, што е пораст од претходната 4,75. Причините за влошувањето се продолжената политичка криза предизвикана од аболициите на претседателот, недостигот од политички дијалог и контроверзното и конфликтно функционирање на политичките институции.

Слободата на изборниот процес е исто така намалена, односно оценката од 3,75 преминала на 4,00. Ова е резултат на сериското презакажување на редовните избори и постоењето на изборни нерегуларности, и покрај договорот потпишан во јули 2016.

Оцената за судството и неговата независност од 4,5 се искачила на 4,75, поради зголеменото политичко влијание врз судството и опструкциите врз работата на Специјалното Јавно Обвинителство. Истата оцена важи и за корупцијата, поради неказнивоста на случаи на сериозна корупција.

Вкупната оцена за демократијата е 4,43, за разлика од минатогодишната која била 4,29, како последица на исходите од таканаречените „бомби“ во 2015 и политичкиот договор од Пржино.

– Државата речиси прогласи неказнивост за сите потенцијални кривични дела откриени во прислушкуваните разговори – се вели во извештајот.

Статусот на слободата на медиумите е – „нема слобода на медиуми“.

Предвидувањата за Македонија во 2017 година се дека демократизацијата и патот до Европската Унија ќе зависат на способноста на државата да ги примени системските реформи на најсериозните проблеми.

Партнери на Правдико