Фридом хаус: Македонија светла точка во минатата година
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Фридом хаус во денеска објавениот извештај „Земји во транзиција 2018“ наведува дека меѓу светлите точки во минатата година е Македонија.
Притоа се нагласува дека смената на власта во Македонија во јуни лани донесе шанса да се смени долгогодишното запленување на државата и да се решат долготрајните спорови со соседите кои го попречуваат развојот на земјата.
Во извештајот Македонија и натаму е во групата земји „преодна влада или хибриден режим“. Фридом хаус констатира дека во Централна и Источна Европа нападите врз опозициските партии, печатот и невладините организации стануваат норма, а ширењето на нелибералната политика ги поткопува темелите и изгледите за демократија. Во 23-тото издание на годишниот извештај на Фридом хаус за демократијата во Централна и Источна Европа, Балканот и Евроазија, се наведува дека нациите во транзит го регистрираа најголемиот пад во 23-годишната историја на проектот: 19 од 29 земји забележуваат пад на демократија.
Извор: Радио слободна Европа