Фридом хаус: Власта во Македонија ја има контролата врз јавниот сервис
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Новинарите се под закана од напади, вклучувајќи и од полицијата, додека известуваат од антивладините протести, се вели во извештајот.
„Во Македонија, владејачката партија се стекнала со значителна контрола над циклусот вести преку јавниот радиодифузен сервис и пријателски приватни места. Новинарите се под закана од напади, вклучувајќи и од полицијата додека известуваат од антивладините протести“, се вели во извештајот на Фридом хаус за 2017-та насловен како „Темен хоризонт“.
Во делот посветен на состојбата со медиумите во Западен Балкан се вели:
„Политичките лидери во другите земји од Западен Балкан ги ставаат под поголем притисок независните медиуми, очигледно охрабрени од подвлечената посветеност на ЕУ за спроведување на демократските стандарди, меѓу кои се стремат земјите-членки“.
Извор: Телевизија 24