Фрлен „молотов“ коктел на тетовско кафуле
© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.Шише со запаллива течност било фрлено на тетовско Фрлен „молотов“ коктел на тетовско кафуле ноќта во неделата кон понеделникот, соопшти полицијата, но во инцидентот нема повредени, затоа што во тој момент локалот не работел.
Имено, во 4.30 часот во Тетово две непознати лица го искршиле излогното стакло на угостителски објект лоциран на крстосницата од улиците „ЈНА“ и „Јане Сандански“ и во објектот фрлиле шише со запалива течност.
Настанот бил пријавен од очевидец и екипа на Бригадата за противпожарна заштита го изгасналапожарот. Притоа во објектот опожарени биле неколку маси и столови.
Во близина на местото пронајдено е уште едно шише со течност, чекан и тесла. Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот.
Извор: Макфакс