Фрлен молотов коктел врз Музејот на албанската азбука во Битола | Правдико

Правдико

   

Фрлен молотов коктел врз Музејот на албанската азбука во Битола

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Фасадата, влезната врата и еден прозорец од објектот на Националната установа Музеј на албанската азбука во Битола, се оштетени, утрово околу 4 часот.

Од полицијата во Битола посочуваат дека настанот е регистриран и поставено е обезбедување на објектот, со цел непречено да се изврши истрагата за овој случај.

Според првичните информации, утрово во 4 часот, непознати лица фрлиле шишиња со запалива течност (молотови коктели) и притоа ги оштетиле влезната врата и прозорецот на вториот кат од Музејот, како и спомен-плочата на Музејот.

По овластување на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола. При увидот било констатирано дека непознат сторител фрлил стаклени шишиња со непозната запалива течност, при што бил скршен застаклениот дел од влезната врата од објектот. Од местото на настанот се подигнати траги, стаклени шишиња, ткаенина, непозната течност и селотејп, кои се доставени до Министерството за внатрешни работи за вештачење.

Повеќе детали околу истрагата ќе бидат соопштени по добивањето на конкретни информации, потврди Сања Стаматова, портпарол на СВР Битола.

Извор: Нова Македонија

Препорачуваме

Партнери на Правдико