Фрлена експлозивна направа врз косовскиот парламент | Правдико

Правдико

   

Фрлена експлозивна направа врз косовскиот парламент

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Експлозивна направа синоќа е фрлена врз косовскиот парламент во Приштина, но нема повредени, соопшти косовската полиција.

kosovo-parlament-860x680

Според првичните анализи, експлозивот бил фрлен од поголемо растојание. Косовските медиуми јавуваат дека две лица на мотоцикл испукале граната во зградата, додека весникот „Експрес“ тврди дека врз парламентот е истрелана „зоља“.

Зградата на косовскиот парламент се наоѓа во прометна улица во Приштина, поради што полицијата го затвори регионот околу зградата.

Нападот доаѓа пред денешната седница на парламентот, на која треба да се расправа за демаркација на границата со Црна Гора, на што се противат опозицијата и движењето Самоопределување.

Извор: Мета

Препорачуваме

Партнери на Правдико