ФСБ уапсила припадник на ИСИС ангажиран од Украина да убие еден од лидерите на Донбас | Правдико

Правдико

   

ФСБ уапсила припадник на ИСИС ангажиран од Украина да убие еден од лидерите на Донбас

© Copyright 2020 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Руската безбедносна служба (ФСБ) уапсила оперативец на Исламска држава кој планирал да убие еден од лидерите на самопрогласената Донетска народна република (ДНР) во име на украинските власти, пренесува „Раша тудеј“. Осомничениот терорист биле идентификуван како Меџид Магомедов, роден во 1988 година во руската република Дагестан. Тој бил уапсен во неделата во рускиот регион Смоленск.

Осомничениот изјавил дека бил вмешан во заговор за атентат врз висок командант на украинските бунтовници, кој живее во Русија, и дека за мисијата билангажиран од безбедносната служба на Украина (СБУ) во координација со десничарските екстремисти од движењето Десен сектор, објави ФСБ. Магомедов исто таја изјавил дека националните специјални служби на Украина на своја територија им обезбедуваат активна поддршка на борците на Исламска држава, нудејќи им безбедност, финансирање, оружје и експлозиви за организирање терористички напади на територијата на Русија”, се додава во изјавата на ФСБ.

Магомедов, наводно, ја посетил Украина во почетокот на 2018 година, барајќи помош за група поврзана со Исламска држава која оперира во јужна Русија. Украинската разузнавачка агенција подоцна го ангажирала за атентат врз воениот командант на единицата на бунтовничките милиции во самопрогласената Донетска народна република (ДНР), кој живее во Смоленскиот регион во Русија.

По пристигнувањето во Русија, Магомедов ги добил потребните работи за планираниот криминал, вклучувајќи информации и оружје со кое ќе ја убие метата. За време на апсењето, кај него биле запленети импровизирана експлозивна направа еквивалентна на 1,5 килограми ТНТ, пиштол, придушувач и муниција.

Одговарајќи на руските обвинувања, СБУ го нарече случајот ‘најнова измама на ФСБ која е премногу смешна за коментар”, објави украинската новинска агенција УНН.

ДНР, ентитет во источна Украина кој се побунил против Киев откако по вооружениот државен удар беше сменета централната влада на земјата, се најде во фокусот на вниманието на крајот на август, кога нејзиниот избран лидер Александар Захарченко беше убиен во експлозија.

Извор: Макфакс

Партнери на Правдико