Функциите на Советот за утврдување на фактите треба ќе се префрлаат во Судскиот совет | Правдико

Правдико

   

Функциите на Советот за утврдување на фактите треба ќе се префрлаат во Судскиот совет

© Copyright 2022 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

Одредбите од Законот за судовите, Законот за Судскиот совет на Република Македонија и Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија беа предмет на разгледување од страна на Венецијанската комисија во рамките на Советот на Европа.

Во тие рамки, Венецијанската комисија во декември 2015 година донесе мислење со кое истакнува одредени сугестии за подобрување на одредбите од пакетот закони од областа на правосудството. Постапувајќи по забелешките на Венецијанската комисија, пристапивме кон изготвување нови законски решенија во пакетот закони од областа на правосудството, во кои се имплементираат мислењата на Венецијанскатта комисија. Клучните забелешки на Венецијанската комисија се однесуваа на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија, на основите за дисциплинска одговорност на судија и дисциплинските мерки, како и одредбите за оценување на судиите. Дел од овие прашања се адресирани во овој Предлог – закон. Имено, во мислењето на Венецијанската комисија се наведува дека: „Функциите на Советот за утврдување на фактите треба да бидат префрлени во Судскиот совет, под услов членовите или телата на Судскиот совет вклучени во почетната фаза на дисциплинската постапка како што се „обвинители“ или „истражувачи“ да не учествуваат во конечната одлука како „судии“.

Основна цел на Законот е престанување на важење на Законот за Советот за утврдување на факти и покренување на постапка за утврдување одговорност за судија и враќање на надлежноста за водење на дисциплинска постапка на Судскиот совет на Република Македонија , водејќи сметка за дадените забелешки и напатствија од меѓународните институции во делот на водењето на постапката и носењето на одлуката од страна на Судскиот совет на Република Македонија

Временската рамка за изготвување на предлог законот:03/10/2017 – 31/10/2017

Препорачуваме

Партнери на Правдико