Правдико

   

Функцијата на стопанската интересна заедница

© Copyright 2018 pravdiko.mk Сите права се задржани. Не е дозволено преземање на оваа содржина или на делови од неа без претходна согласност од редакцијата на ПРАВДИКО.

????????????????????????????????????????????????????????Стопанската интересна заедница преставува здружување на две или повеќе физички и правни лица на неопределено или определено време, со цел да го олеснат и да го унапредат вршењето на трговските дејности кои го сочинуваат предметот на нивното работење и да го зголемат или подобрат нивниот резултат. Оваа заедница може да  биде  асоцијативен член во соодветна стопанска интересна заедница основана во странство, но не може да биде член на друга стопанска интересна заедница.

Предметот на работење на стопанската интересна заедница може да биде само во врска со трговските дејности коишто ги вршат членовите и можат да бидат само помош на тие активности.

Она ште е карактеристично за ваквиот тип на заедница е тоа што таа за себе не остварува добивка. Добивката што се остварува како резултат од нејзиното работење се смета за добивка на членките на стопанската интересна заедница и се распределува меѓу нив според условите утврдени во договорот за основање, а ако таква одредба нема, ќе се дели на еднакви делови.

gearsЧленовите на стопанската интересна заедница одговараат за обврските што ги презела заедницата со целокупниот свој имот. Ако со третото лице – содоговорник поинаку не е договорено, одговорноста на членовите е солидарна. Доверител на заедницата може да бара намирување на побарувањето на стопанската интересна заедница од нејзините членови, ако не успеал побарувањето да го наплати од самата заедница.

Основањето се врши со договор за основање на стопанската интересна заедница при што се определува нејзината организација. Договорот се составува во писмена форма и се објавува на начин пропишан за објавување на договорот за друштвата.

Договорот за заедницата ги содржи одредбите особено за:

1) називот на стопанската интересна заедница во кој на почетокот или на крајот се содржани зборовите ,,стопанска интересна  заедница”, освен ако тие зборови не се на друг начин содржани во називот на заедницата;

2) името, фирмата или називот, правната форма, седиштето на друштвата и, ако постои, бројот на уписот во трговскиот регистар на секој член на стопанската интересна заедница;

3) времето на траење на стопанската интересна заедница;

4) предметот на работење на стопанската интересна заедница;

5) седиштето на стопанската интересна заедница;

6) начинот на одлучувањето;

7) органите на управување и нивната надлежност;

8)поблиско уредување на пристапувањето, истапувањето и исклучувањето од стопанската интересна заедница и

9) контролата на работењето на стопанската интересна заедница.

Team of business people working together on a laptopЧленови на стопанска интересна заедница можат да бидат лица кои вршат некоја од дејностите определени во Законот за трговски друштва. Во стопанска интересна заедница можат да членуваат и лица кои се занимаваат со слободни занимања, а немаат статус на трговец.За време на своето постоење заедницата може да прима нови членови. Одлуката за прием на нов член ја донесува едногласно собранието на стопанската интересна заедница.

Со стопанската интересна заедница управува еден или повеќе управители кои се избираат на начинот и според условите определени во договорот за заедницата. Собранието го организира управувањето со стопанската интересна заедница и избира управител и ги определува овластувањата и условите за неговото отповикување, освен ако со договорот за заедницата поинаку не е определено.

Членовите на стопанската интересна заедница надзорот над работењето над заедницата го вршат преку собранието и на други начини, определени со договорот за заедницата. Секој член има право да добие информации за работењето на стопанската интересна заедницата од органот на управување и да ги прегледа деловните книги и другите документи на заедницата.

Стопанската интересна заедница престанува со:

1) истекот на времето за коешто е основана;

2) остварувањето или гаснењето на нејзиниот предмет на работење;

3) одлука на нејзините членови под условите предвидени во договорот за заедницата; и

4) одлука на судот.

Престанувањето на стопанската интересна заедница повлекува нејзина ликвидација. Правниот субјективитет на стопанската интересна заедница останува за потребите на ликвидацијата. Ликвидацијата се спроведува под услови и на начин определени во договорот за заедницата. Ако договорот за заедницата не содржи одредби за условите и за начинот на ликвидација, собранието на членовите на стопанската интересна заедница им назначува ликвидатор. Ако собранието не можело да пристапи кон негово назначување, судот го поставува ликвидаторот.

–ПРАВДИКО–

Партнери на Правдико